Светскиот ден на детето е ден за акција од децата за децата на глобално ниво, што се одржува секоја година на 20 ноември на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето. Светскиот ден на детето востановен во 1954 ги промовира меѓународното заедништво и свест меѓу децата низ целиот свет и добросостојбата на децата. На 20 ноември 1959 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, а на 20 ноември 1989 година Генералното собрание на ОН ја усвои Конвенцијата за правата на детето.

Во пресрет на Светскиот ден на детето Народниот правобранител денеска ја најави претстојната кампања за подигнување на свеста за промовирање на правата на децата и нивна заштита од насилство, вклучително и од врсничкото.

Состојбата со врсничкото насилство е полоша од лани, а децата не ги познаваат своите права, ниту пак видовите на насилство.

Алармантна е состојбата со врсничкото насилство, особено во основните училишта, предупредува омбудсманот. Само оваа година до нивната канцеларија стигнале 30 претставки за физичко насилство помеѓу ученици во училиштата. Наместо другарување, се користи насилство, вели заменик народниот правобраниетел. Довербата на децата во стручните служби е на најниско ниво, и затоа не се пријавува некаков вид на насилство во училиштата. Освен родителите, треба да постои соработка на релација родител и наставник или директор, но и потребна е доедукација на службите. Во овие ситуации постапува и народниот правобранител.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *