Јапонија е прогласена за најдобра земја во светот по втор пат по ред, пишува „Condé Nast Traveler“. Со импресивен резултат од 94,79, Јапонија го освои првото место на листата, надминувајќи ги Португалија, Турција, Италија и Шпанија. Според „Конде Наст Травелер“, Јапонија ги освојува срцата на патниците ширум светот благодарение на својата способност да ги спои длабоко вкоренетите традиции со модерните иновации. Од блескавите неонски светла на Токио до мирните градини на Кјото, земјата им нуди на туристите разновидни искуства што одговараат на различни вкусови и интереси.
Културното богатство на Јапонија, вклучувајќи ги традиционалните фестивали, античките храмови и зен градините, нуди длабоко духовно и естетско искуство. Во исто време, модерната уметност, технологијата и поп-културата даваат динамичен контраст и дополнителна димензија на посетата.

