Истакнатата македонска уметница Виолета Арсовска постигна значаен меѓународен успех освојувајќи второ место на 13-тиот International Moscow Music Competition во Москва. Како единствен претставник од Македонија во својата возрасна категорија, таа се издвои меѓу бројни учесници од целиот свет со својата уметничка зрелост и впечатлива интерпретација. Ова признание од реномирано меѓународно жири претставува уште една потврда за нејзиниот квалитет и за присуството на македонската музичка уметност на светската сцена.

