25 прекршоци констатирале полициските службеници при акциската контрола во текот на вчерашниот ден во период од 17 до 23 часот направена од возачи на мороцикл.
Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека 21 прекршок е за неносење заштитна кацига, два за управување без возачка дозвола и два останати прекршоци. Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци од кои девет за управување возило без возачка дозвола, еден за нерегистрирано возило, седум за возач почетник и еден за користење мобилен телефон.
Инаку досега полицијата минатата недела одзема 13 мотоцикли во спроведената контрола поради предизвикување гласна бучава