Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби битката со Холгер Руне во првиот меч на АТП турнирот во Торино и заработи 200 бодови со кои ја осигура првата позиција на АТП листата до крајот на сезоната. Со тоа постави и нов рекорд како единствен тенисер во историјата која осум години завршува како првопласиран тенисер. Ѓоковиќ кој не ја криеше желбата да постави што повеќе нови рекорди на социјалните мрежи објави и видео од прославата на историскиот податок. Заедно со својот тим Србинот заигра на познатата кубанска песна „Гвантанамера“.

 

14/11/2023

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *