Штипјанката Душица Бреслиева, членка на Таеквондо клубот „Штип“, доби престижна олимписка стипендија од Олимпискиот македонски комитет. Управниот одбор на комитетот ја додели оваа награда на најдобрите македонски спортисти, како признание за нивниот труд, талент и достигнувања.

Душица ќе добива  месечна стипендија од 600 евра, што ќе ѝ помогне да продолжи со интензивните подготовки и да ја исполни нормата за учество на Летните олимписки игри во Лос Анџелес. Ова е значаен поттик за младата таеквондистка, која со својата упорност и посветеност станува инспирација за сите млади спортисти во Македонија.




03/11/2025

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *