Третиот летен топлотен бран во Италија почна денеска и ќе трае најмалку до 20 јули, јави новинската агенција Анса.

Откако вториот топлотен бран забележа температури кои достигнаа 38 до 40 степени Целзиусови, во наредните денови повторно се очекуваат екстремни температури во Италија.

Градовите Фиренца и Перуџа денеска и утре ќе бидат под црвен аларм за опасна жештина. В понеделник, температурите би можеле да достигнат 43 степени во внатрешноста на островот Сардинија.

10/07/2026

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *