Тајзи го најави својот најголем самостоен концерт досега, кој ќе се одржи на 27 декември во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Концертот, насловен „Тајзи и пријателите“, ќе биде круна на неговата 18-годишна музичка кариера.
Во текот на своето музичко патување, Тајзи изгради препознатлив авторски стил, објавувајќи четири студиски албуми и повеќе од 80 авторски песни, со кои остави силен белег на домашната музичка сцена.

