Голем број српски туристи кои се враќале од одмор во Грција останале во шок на „Табановце“ – наместо брзо да ја продолжат патувањето, биле информирани дека имаат евидентирани сообраќајни прекршоци снимени од системот „Безбеден град“.
Казните се однесуваат и на прекршоци направени уште од февруари, а сега тие се процесуираат при излез од земјава.
Поради наплатата се создадоа огромни колони, а дел од српските граѓани веќе реагираа на социјалните мрежи поради долгото чекање.
МВР појаснува дека гужвите се резултат на првиот ден од примената на овој механизам.
