Лично писмо на неодамна починатата англиска кралица Елизабета Втора е продадено на аукција во Германија за 8.300 евра, објавија организаторите. Писмото е адресирано до германската возачка Ета Плеш, родена како Марија Грефин фон Вурмбранд-Штупах, чии коњи двапати победија на престижната трка Епсом Дерби во Англија.

Кралицата ѝ пишува на „драгата г-ѓа Плеш“ дека е „воодушевена од прекрасната слика на коњ“ на нејзиното летно одморалиште во Сандрингам, „која ја добив од вас и г-дин Плеш за Божиќ“. Фердинанд Бенедикт Еплеј од аукциската куќа рече дека очекувал две групи луѓе да бидат заинтересирани за писмото.

Аукцијата започна со цена од 2.600 евра.

28/11/2022

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *