Мајкл Џексон официјално стана првиот изведувач присутен на листата „Билборд хот 100“ во секоја деценија уште од 70-тите години. Со новото појавување во текот на оваа деценија Џексон сега има песни на листата „Хот 100“ во шест различни децении: 11 песни во 70-тите, 20 во 80-тите, 12 во 90-тите, четири во првата деценија на овој век, четири во втората и сега една во оваа деценија.
Неговото најново појавување на листата е со песната „Chicago“, која е на 30. место на листата објавена на 6 јуни.
Така, „Chicago“ стана 52. хит на Џексон на листата „Хот 100“ како соло-изведувач, сметајќи од „Got to Be There“ од 1972 година. Ова е негово прво појавување на листата по песната „Don’t Matter to Me“ на Дрејк, во која гостува Џексон.
