Македонскиот кандидат за престижната филмска награда „Оскар“, играниот филм „17“ на режисерката Косара Митиќ, синоќа  ја доживее својата скопска премиера во Македонскиот народен театар, во рамките на 26. издание на Скопје филм фестивал.

Филмот претставува долгометражно играно деби на Митиќ, која преку приказна за созревањето, личните борби и предизвиците со кои се соочува младата генерација отвора значајни прашања за идентитетот, слободата и потрагата по сопственото јас.

„17“ веќе го привлече вниманието на меѓународната филмска сцена, учествувајќи на повеќе фестивали и освојувајќи награди и признанија. Неговото претставување како официјален македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар меѓународен игран филм е уште една потврда за потенцијалот и квалитетот на ова филмско остварување.

Со скопската премиера, филмот ја започнува својата кино-приказна пред домашната публика, носејќи современа и емотивна приказна што ги отвора темите за младоста, личниот идентитет и предизвиците на растењето.

новинар Никола.А

06/11/2026