Македонска филхармонија настапи во салата „Бетовен“ во Бон, Германија, каде што ја воодушеви публиката со изведбата на „Тешкото“ од Глигор Смокварски. Концертот беше одржан под диригентство на Десар Сулејмани и предизвика силни емоции кај присутните.

Настапот беше дел од одбележувањето на пет години партнерство меѓу германската покраина Северна Рајна-Вестфалија и Македонија. Концертот во Бон претставува значаен културен момент и прв настап на Македонската филхармонија во Германија во нејзината 80-годишна историја.

Програмата беше дел од поширока културна размена со цел зајакнување на соработката и поврзување преку музика меѓу двете земји.

Новинар Никола.А

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *