Уште еден значаен резултат за македонското воздухопловство пристигна од Приједор, каде што на 21. издание на меѓународниот „Бланик куп“ штипскиот тандем Раде и Марјан Ивановски се закити со злато во екипната конкуренција.

Пилотите од аеро-клубот „Rimin Air“ беа најуспешни меѓу околу 30 учесници од повеќе земји, со што уште еднаш го потврдија квалитетот на македонските воздухопловци на меѓународната сцена.

Посебна тежина на победата ѝ дава фактот што станува збор за татко и син кои заедно се натпреваруваа и ја продолжуваат семејната традиција во воздухопловството.

Натпреварот се одржа од 21 до 23 август на аеродромот „Урије“ во Приједор, а покрај домаќините од Босна и Херцеговина, учествуваа пилоти од Македонија, Србија, Полска, Австрија, Германија и Австралија.

25/08/2026

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *