Еден од музеите со најубава и најавтентична архитектура во источна Македонија е НУ Завод и Музеј Штип. Сместен во срцето на Штип, покрај кејот на реката Отиња, овој музеј веднаш го привлекува вниманието со традиционалниот македонски изглед и прекрасно сочуваните објекти.

Музејот е сместен во старите куќи на семејствата Арсови и Аневи-Гочеви, кои претставуваат вистински бисери на староградската архитектура. Просторот е уреден со посебна грижа и создава чувство на гордост и почит кон културното наследство.

Во 1979 година музејот добива нов статус и прераснува во Завод за заштита на спомениците на културата и народен музеј. Денешниот музејски комплекс се состои од три објекти – административна зграда и две згради со постојани музејски поставки, сместени во старите куќи на Арсови и Аневи-Гочеви.

Со својата архитектура, богата музејска содржина и значајна историска улога, Завод и Музеј Штип претставува едно од највредните културни места во Македонија.

Во музејот можат да се видат археолошки, историски, етнолошки и уметнички збирки, со над 1.200 археолошки експонати од Неолитот па сè до 18 век.

Музејот Штип е основан на 10.05.1950 година, а низ децениите прераснал во една од најзначајните културни институции во источна Македонија. Денес претставува место каде што историјата, традицијата и архитектурата се спојуваат во едно прекрасно доживување.

 

новинар Никола.А

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *