Дуото Дац и Александар објави нова верзија на хитот „Ѕма, ѕма, ѕм“ од 1978 година, како музичка посвета за 80. роденден на композиторот Славе Димитров. Песната, чиј автор на музиката е Димитров, а текстот го напиша Иван Карадак, оригинално ја пееше групата „Македонија“ на Скопскиот фестивал во 1978 година.
Новата верзија е во аранжман и продукција на Дарко Димитров, а придружните вокали ги пеат Маја Гроздановска-Панчева и Билјана Ѓошева.
Дац и Александар снимија и видеоспот, кој комбинира сцени со оригиналните пејачи на песната и визуелни решенија создадени со помош на вештачка интелигенција. Спотот е осмислен како бајковита филмска кабаре-приказна.
Тие ќе ја изведат песната како гости на концертот на Националниот џез оркестар посветен на Славе Димитров, што ќе се одржи на 28 ноември во Филхармонијата. Со нив ќе настапат и Маја Гроздановска Панчева и Билјана Ѓошева.
новинар Никола.А
