Оваа недела се одбележува празникот посветен на светите браќа Кирил и Методиј – сесловенските просветители, творци на глаголицата и основоположници на словенската писменост и култура.

Со својата просветителска мисија, тие оставиле неизбришлива трага во историјата на словенските народи, ширејќи го образованието, писменоста и духовните вредности. Нивното дело претставува темел на словенската култура и писменост, а нивното наследство и денес живее преку јазикот, образованието и традицијата.

Празникот е потсетник за значењето на знаењето, образованието и културниот развој, вредности кои светите Кирил и Методиј ги пренесувале со својата работа и посветеност






22/05/2026

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *