Илјадници навивачи ги исполнија улиците на Осло за да им оддадат признание на репрезентативците за историскиот настап на Мундијалот. По пристигнувањето, фудбалерите се упатија кон Кралската палата, каде што ги пречекаа кралот и членовите на норвешкото кралско семејство.

Со свечениот пречек беше одбележан најголемиот успех на норвешката репрезентација во модерната историја. Норвешка го заврши настапот на Светското првенство со пораз од Англија со 2:1 по продолженија. По 90 минути игра резултатот беше 1:1, но Англичаните во дополнителното време успеаја да обезбедат пласман во полуфиналето.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *