На сцената на едно од најзначајните музички случувања во регионот – фестивалот „Бисер Јадрана 2026“ во Тиват – блеснаа бројни музички ѕвезди од Балканот, а меѓу најзабележителните настапи беше токму оној на македонската пејачка Ана Петановска и српската интерпретаторка Наташа Михајловиќ.Двете уметници премиерно ја изведоа новата композиција „Под ногама“, создадена од проверен авторски тим – музиката ја потпишува маестро Григор Копров, текстот е дело на Душан Бачиќ, додека аранжманот го изработи Стефан Петановски.Нивната искрена интерпретација и силната емоција што ја пренесоа на сцената беа препознаени и од жирито, кое им ја додели престижната награда за Најдобар дует на третото издание на фестивалот „Бисер Јадрана“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *