Оваа година е можеби една од најактивните години на Нокаут. Групата слави 25 години постоење со голема турнеја низ Македонија и веќе издаде еден нов сингл, “Денес, утре, задутре”.

Набиената агенда на турнејата не го спречи бендот да подготви уште нешто ново за својата публика. Задоволство ни е да го споделиме со вас новиот сингл, “Знаеш ли?”
Доколку имате желба,
ви се допаѓа,слободно имате право да ја презентирате на македонската јавност преку вашето ценето радио и нека биде уште едно музичко остварување од македонската авторска популарна музика на вашата топ листа.

Автор на музиката е Никола Перевски, кој воедно работеше и на аранжманот. Текстот го напиша
Александар Ристовски.
Песната јJа изведува групата Нокаут,
а на миксот и мастерингот работеше Дарко Димитров-(студио Димитрови) Песната е снимена во студио НК Продукција.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *