Уште два дена завршува обврската за зимска опрема односно до 15 март со што почнува официјално и пролет-лето сезона и помалку проблеми за возачите се разбира. Задолжителната зимска опрема важеше од 15 ноември.

Исто така од МВР информираат дека над 244.000 налепници „НМК“ за возилата биле подигнати од страна на граѓаните досега, информираат од Министерството за внатрешни работи. Налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК. Со новите измени, налепниците не се задолжителни за територијата на РСМ до 31.12.2024 година, но истите се задолжителни за патување во странство.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *