Александар Митевски и Драган Спасов – Дац ја промовираа женската верзија на песната „Уште ми фалиш“. За разлика од првата верзија, оваа втората женска верзија, уште на самата промоција ги разбуди солзите и емоциите кај речиси сите присутни.

Како што и самите тие рекоа, ова претставува прва песна и прв видеоспот во Македонија а да биде преработена и да добие римејк на видеото.

Овој пат во видеоспотот се појавуваат 32 жени познати и веќе докажани во својата професија. Меѓу нив ќе ги споменеме: Вера Јанковиќ (која во оваа прилика е придружен вокал), Катерина Коцевска, Живкица Каленикова, Јелена Жугиќ, Бедија Беговска, Виолета Томовска… Билјана Ѓошева и Билјана Драгичевиќ Пројковска кои се воедно и главни вокали во песната и многу други.

Во продолжение… погледнете ја женската верзија на „Уште ми фалиш“.

 

14/11/2024

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *