Денес и утре во Народниот театар во Штип предпремиерно и премиерно ќе се одржи претставата „Женидба“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Станува збор за првата претстава која во 1923 односно пред точно 100 година за првпат била изведена во Штип во тетарската сала сместена во тогашниот хотел Гранд.
Со претставата „Женидба“ ќе се одбележат 100 година од формирањето на Народен театар Штип
Женидба е напишана во 1835 од Гогољ на неа се гледа како можност за промена на општествениот статус. Женидба е комедија во која преку машко-женските односи, на особено духовит начин се исмева малограѓанштината.
Предпремиерата е вечерва од 20.00 часот, а премиерата е утре во истиот термин во која глумат штипските актери.