Целиот свет зборува за бебето кое симболично стана осум милијардитиот човек на нашата планета.

Денес, според проценките на ОН, светот доби осум милијарди луѓе, а едно бебе родено во Манила стана симбол на тој факт. Како што пренесуваат локалните медиуми, Винис Мабансаг, која е родена во Меморијалната болница „Хозе Фабела“ во Тондо на 15 ноември, таа беше избрана за осмо милијардитиот човек во светот.

„Штотуку бевме сведоци на осум милијардитото бебе во светот на Филипините. Нејзиното раѓање го чекавме околу два часа, стигнавме во 23:00 часот, а бебето се роди во 1:29 часот со нормално породување“, рече д-р. Ромео Битуин, главен лекар на болницата.

Глобалниот раст на населението, инаку, падна под еден процент во 2020 година, така што расте со најбавно темпо од 1950 година.

Според проекциите на ОН, светската популација се очекува да порасне на околу 8,5 милијарди во 2030 година, 9,7 милијарди во 2050 година и врв од околу 10,4 милијарди луѓе во текот на 80-тите години на 21 век. Се предвидува дека на тоа ниво ќе остане до 2100 година.

– Да се ​​дојде до осум милијарди луѓе е знак за успех на човештвото, но е и голем ризик за нашата иднина – изјави Џон Вилмот, директор на одделот за население на ОН.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *