Центарот за култура – Битола, во соработка со НУ Камерен Оркестар на Битола, го најавува седмиот по ред традиционален концерт „Засекогаш во срцата“, посветен на македонскиот пејач Тоше Проески. Оваа година, концертот ќе биде целосно посветен на неговите песни и музичко наследство. Настанот ќе се одржи на 22 март 2025 година во големата сала на Центарот за култура – Битола, со почеток во 19 часот.
Цената на билетите за концертот изнесува 450 денари и тие можат да се набават онлајн на веб-страницата www.3dkinobitola.com или на билетарницата во Центарот за култура – Битола.