Времето денеска во Македонија преку денот ќе преовладува сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 9 до 20 степени.
Утре (сабота) сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 22 степени.
Во недела претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, кој во периодите на пороен дожд ќе засилува. Температурата ќе остане непроменета.