Објавен е составот на новата влада во Папуа Нова Гвинеја, во неа ќе има министри за кафе и палмино масло, пишува „Гардијан“.

Позицијата министер за кафе е веројатно прва од ваков вид во светот и покажува колку Владата е посветена на проширувањето на клучните земјоделски индустрии, рече премиерот Џејмс Марапе. За првпат назначи и министер за палмино масло.

Покрај тие две министерства, Папуа Нова Гвинеја има и традиционално Министерство за земјоделство.

„Тие две именувања значајно го истакнуваат земјоделството за да можеме да видиме раст на земјоделството во земјава“, рече тој при објавувањето на составот на новата 33-члена влада.
Министер за кафе е Џо Кули, а министер за палмино масло е Френсис Манеке.

Кафето од Папуа Нова Гвинеја се појави како посакуван увоз во последниве години, со кафулиња низ Австралија, САД и Јапонија кои служат топол пијалак направен од зрна одгледувани во Папуа Нова Гвинеја.

Во производството на кафе во земјава доминираат малите земјоделци во селата, кои произведуваат близу 85 отсто од годишниот род.

Тоа е извор на приход за речиси два милиони луѓе, околу една четвртина од населението.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *