Возењето под дејство на алкохол со најмалку 1,50г/промили во крвта или пак под дејство на дроги и психотропни супстанци, возењето во забранет правец, претекнувањето на колона возила на непрегледно место и возењето над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина ако досега се казнуваше прекршочно, со новите предлог измени во кривичниот законик се планира да се казнува како кривично дело.
„За ова ново кривично дело се предлага сторителот да се казни со парична казна или затвор до три години.Во периодот што следи ќе биде направена детална анализа на сите прекршоци од други закони кои би требало да се избришат или модифицираат во контекст на ова и други нови предложени кривични дела“, велат од министерството за правда.