Во годинешниот извештај на The Independent се наведува дека „White Christmas“ сепак заработува повеќе од 300.000 фунти секоја година. Песната е снимена пред речиси 80 години, во 1942 година, и не е само најпродаваната божиќна песна на сите времиња, туку и најпродаваниот сингл на сите времиња ширум светот, продаден во неверојатни 50 милиони примероци. За споредба, вториот најпродаван сингл „All I Want for Christmas is You“ е продаден во „само“ 16 милиони примероци.

Песната „White Christmas“ е напишана во 1940 година од Ирвинг Берлин, а Бинг Крозби ја изведе за прв пат во радио емисијата The Kraft Music Hall на Божиќ 1941 година. Снимена е за филмот „Holiday Inn“ следната година, и во 1943 година ја освои наградата Оскар за најдобра оригинална песна од филмот. Првата верзија во 1942 година беше уништена од прекумерна употреба, па песната беше повторно објавена во 1945 и 1947 година, и двете реизданија го достигнаа првото место на топ листите на Билборд, што ја прави единствената песна од ист изведувач во историјата која е на врвот на топ листите во три различни години. Верзијата што ја знаеме денес е од 1947 година, а според Гинисовата книга на рекорди е најуспешниот сингл на сите времиња

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *