Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Денеска и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи, особено денес и утре. Потоа во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање со благ пораст на дневната температура.