Според најновите ажурирања на метеоролошките модели, од 5 август во Македонија се зголемува можноста за подолготраен и изразен топлотен бран, поврзан со продор на многу топла воздушна маса од Африка.

Доколку актуелното сценарио се оствари, во земјава би следувал период со многу високи дневни температури, а во повеќе места се можни и тропски ноќи, односно ноќи во кои температурата ќе останува висока и во најсвежиот дел од деноноќието.

Станува збор за прогноза за подолг временски период, па развојот на ситуацијата ќе се следи преку следните ажурирања на метеоролошките модели.

28/07/2026

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *