Во следниот период се очекува променливо облачно и посвежо време, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар.

На места ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе засилува северниот ветер, со брзина над 50 километри на час.

За време на викендот временската состојба ќе се стабилизира, со мала до умерена облачност и без значителни врнежи.

Нова промена на времето се очекува во понеделник, кога повторно ќе има врнежи од дожд и услови за локална нестабилност. Од вторник следува нов период на стабилно време, со постепен пораст на температурите.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *