Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до
умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а
максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои
места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има
услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

