Познатиот моден магазин Вог прослави 130 години од формирањето. По тој повод во Њујорк се одржа модна ревија со најпознатите светски модни брендови.
Ревијата се состоеше од креации од колекциите за есен-зима 2022/23 на Баленсијага, Диор, Валентино, Луј Витон, Гучи, Прада, Барбери и други модни имиња. Како модели на ревијата се појавија манекенки од повеќе генерации, меѓу кои и супермоделите Хелена Кристенсен, Шалом Харлоу, Амбер Валета, Карли Клос, Бела Хадид, но и познати личности од разни сфери – Серена Вилијамс, Михаил Баришњиков, Ерика Баду и Lil Nas X.
Вог започна како неделен весник во 1892 година пред да стане месечно списание години подоцна. Од своето основање, Вог има бројни актери, музичари, модели, спортисти и други истакнати познати личности. Најголемиот број објавен од магазинот Вог беше изданието од септември 2012 година, кое содржи 900 страници.Најпознатиот моден магазин излегува во 18 земји во светот.