Во уметничката галерија „Безистен“-Штип беше изложен дел од ликовниот опус на ликовниот уметник Владимир Георгиевски. Изборот е направен на начин што најдобро ќе ги претстави темите со кои се занимавал Георгиевски, а неговата ќерка посочува дека негова голема желба била делата да му бидат претставени надвор од главниот град. Неговото творештво е вредно и дека треба да се гледа, да се промовира и да го видат што повеќе луѓе. Темите со коишто тој се бавеше се универзални, темата на човекот, на неговиот пат, на страдањето на човекот и на неговиот животен пат, верата, убавината на природата, којашто беше неговиот најголем учител. Изложбата во штипскиот „Безистен“ ќе остане отворена уште десетина дена. Завод и Музеј – Штип периодов ќе започне и со реализација на проектите одобрени преку Министерството за култура, како и низа изложби и настани, од кои дел ќе влезат во Штипско културно лето.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *