Изминатиот викенд поп дивата Бијонсе по пауза од пет години го одржа првиот концерт во Дубаи. Пејачката се појави на отворањето на најлуксузниот хотел во светот „Атлантис Ројал“, за цена од 24 милиони долари и настапи заедно со диџеј триото „Свидиш хаус мафија“.На сцената се појави и ќерката на пејачката Блу Ајви, а во публиката беа и нејзиниот сопруг Џеј Зи, како и нејзините родители. Бијонсе последниот концерт го имаше од турнејата On The Run II во 2018 година. Бијонсе настапува ретко, па многумина коментираат дека едвај ги чекаат нејзините концерти.