Денеска во 20 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир посветен на Владо Јаневски, каде неговите почитувачи ќе му оддадат последна почит.
„Да го испратиме со песна, тишина и љубов. Неговите мелодии ќе останат да живеат, бидејќи големите уметници никогаш не исчезнуваат“, порачаа организаторите.
Владо Јаневски, кој почина по кусо боледување во Скопје, остави зад себе богато музичко наследство.
За неговата работа сведочат бројните хитови, но и големите концерти кои ги одржа пред својата публика, меѓу кои и настапите во Античкиот театар во Охрид во 2024 и 2025 година.

