Младите возрасни Јапонци пијат помалку алкохол од нивните родители, а тоа има последици за средствата собрани од алкохолни пијалоци како што е саке.

Затоа, Националната даночна администрација започна конкурс за идеи како да се смени овој тренд.

Целта на кампањата „Sake Viva!“ е да го направи консумирањето алкохол попривлечно и  да им помогне на производителите на пијалоци. Јапонците на возраст меѓу 20 и 39 години можат да ги регистрираат своите бизнис идеи за да ја зголемат побарувачката меѓу своите врсници, било да е тоа за саке, виски, пиво или вино.

Јапонските медиуми јавуваат дека реакциите се различни. Критичарите се противат на промовирањето на една нездрава навика, но многумина веќе ги ставија своите идеи на Интернет.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *