Штипската оперска уметница Виолета Арсовска повторно е дел од голем музички настан, овојпат како една од трите вокални солистки на концертот „Flowers Symphony – Dive Orchestra“.

Арсовска синоќа настапи во Битола, додека вечерва, 18 август, публиката во Охрид ќе има можност да ја слушне на сцената „Долни Сарај“. Концертот започнува во 21 часот.

Заедно со Арсовска, на сцената ќе се појават и Јаворка Витанова и косовската уметница Зана Абази Рамадани. Програмата носи спој на познати оперски дела од италијанскиот репертоар и препознатливи филмски мелодии.

Посебна атмосфера на концертот ќе дадат хорот и симфонискиот оркестар, со кои трите оперски солистки ќе настапат под диригентството на Владимир Димовски. Комбинацијата на раскошните вокални интерпретации и симфонискиот звук ветува концерт исполнет со емоции и сценска енергија.

За Арсовска, охридскиот настап претставува уште една можност да го потврди своето место на македонската музичка сцена и пред публиката да го претстави својот вокален потенцијал.

Нејзиното учество на „Flowers Symphony“ е значајно и за Штип, бидејќи уште еднаш покажува дека талентираните уметници од градот се присутни на значајни културни настани и надвор од локалната средина.

18/08/2026

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *