11 години по ред штипјанката Викторија Вардинова е државен првак на Македонија. Варадинова на Државното првенство кое се одржа викендот во Скопје ја освои 11 титула со што уште еднаш докажа дека е без конкуренција.

Таа синоќа настапи во две категории Киклајт -65 и Лоукик исто така -65 со освоени две први места.

„Во финалната борба ја победив натпреварувачката од Кикбокс клубот Патриот-Спорт од Крива Паланка со прекин по првата рунда. Би сакала да нагласам дека особено ми е чест што синоќа успеав 11-ти пат да ја осовојам оваа титула Државен првак на Македонија“ изјави Викторија Варадинова- државен првак за AngelsFM

Инаку Варадинова 6 години по ред е член на Македонската репрезентација а матичен клуб е Кик Бокс клубот Шампион-Скопје под раководтсво на тренерот Дејан Митровски-Урко

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *