Времето денес (петок) ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 3 до 12 степени.
За време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време, со таа разлика што утре (сабота) ќе температурата ќе биде повисока за неколку степени.
Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.