Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северозападните делови со услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени Целсиусови, а максималната ќе достигне до 34 степени Целсиусови.Во следните денови, УХМР најавува дека времето ќе биде претежно сончево со свежи утра, со појава на мала до умерена облачност и со благо покачување на дневната температура. Во недела од крајот на денот ќе се зголемува облачноста и во понеделник ќе преовладува претежно облачно време со умерен до повремено пороен дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *