Ако размислувате да се преселите во нов град, можеби ќе сакате да ги земете предвид резултатите од оваа анкета. Истражувачката компанија The Economist годишно објавува извештај во кој ги рангира најдобрите и најлошите градови за живеење во изминатата година.Во ова истражување, градовите беа разгледани и оценети во пет категории: безбедност, култура, здравство, образование и инфраструктура. По трет пат во изминатите пет години, Виена го зазеде првото место на листата на најдобри градови за живеење. Доби максимални бодови за безбедност, здравство, образование и инфраструктура. Следуваат Копенхаген и Цирих, кој го дели местото со Калгари. На петтото место е уште еден канадски град Ванкувер, а во првите десет влегоа и Женева, Франкфурт, Торонто, Амстердам, Осака и Мелбурн. Во извештајот се вели дека средните градови во богатите земји генерално поминале исклучително добро во истражувањето.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *