Вештачка интелигенција ќе дешифрира 2000 години стара книга за она што се случувало по смртта на Александар Македонски
„Загубена“ книга, во која се прикажува за династиите кои следеле по владеењето на Александар Македонски би можела конечно да биде дешифрирана, два милениума откако книгата била делумно уништена при ерупцијата на вулканот Везув во 79-тата година. Вештачката интелигенција која сега ќе се користи за детектирање мастило работи на принципот на скенови направени со компјутерска томографија. Без оглед на успехот на целата операција, ќе остане мистерија кој е автор на текстот, и зошто тој се наоѓал на конкретната локација. Во него тој ги споредува кралевите кои дошле по Александар со оние кои владееле порано, со тоа што првите ги портретира во негативно светло.