Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.

-6 Берово, -5 Прилеп, -4 Скопје-Петровец, Битола, Струмица, -3 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови, Попова Шапка, -2 Претор, Штип, Демир Капија, -1 Крива Паланка, Виница, Крушево, Дебар, Велес, Кавадарци, 0 Охрид, Куманово, 1 Гевгелија, 4 Дојран.  Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северозападен ветер. Од недела следува период на тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *