Со почеток од 19 часот, утре во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип ќе се одржи претставата “Убавицата и Ѕверот” Во претставата ќе играат Марија Спиркоска Илијеска, Димитар Црцороски и Димитар Ѓорѓиевски. За овој месец е предвидена богата програма, а дел наменета и за најмалите. Така што на 5 октомври ќе се одржи уште една претстава “Чунгалунговски пепелашка и принцот тортичка”. Детската насмевка е најважна затоа треба да се посвети големо внимание и различни активности, а исто така предвидени се и голем број изненадувања.