Тоше Проески да беше жив на 25-ти овој месец ќе наполнеше 43 години. Роден на 25 јануари 1981  својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна уште во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Утре во Крушево во Спомен куќа “Тодор Проески” ќе се одбележи неговиот 43 роденден со низа активности, како и секоја година крводарителска акција, полагање свежо цвеќе на вечното почивалиште, отварање на изложбата на Светлана Зуламоска- “Срце није камен”, промоција на спот на Јана Мрческа, “Ангел си ти” музички перформанс на Ивона Јо и Бенд В2В. И промоција на документарниот филм “ЈЕДИНИ”, автор Катарина Милованивиќ.

Премиерата на документарниот филм  “ЈЕДИНИ” ќе биде прикажан на 26 јануари во Дом на култура- Крушево во 19 часот.

Спомените остануваат да говорат за нашиот Тоше…..

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *