Уште една награда за најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски – викендов доби Специјална награда на фестивалот И-фест во Калабрија, Италија. Ја посветувам наградава на сите оние кои вредно работат на филмовите, без никој да знае за нив изјави Манчевски. Последниот филм на Манчевски „Кајмак” неделава продолжува со фестивалскиот живот.
Фестивалот во Калабрија се одржува во Националниот парк Полино, и покрај Манчевски годинава чествува и две италијански легенди, актерката Клаудија Кардинале и режисерот Франко Зефирели. Меѓу гостите се и оскаровците Пол Хагис и Куба Гудинг Јуниор и италијанските ѕвезди Франко Неро и Марија Грација Кучинота.
На 23 септември „Кајмак” го отвора фестивалот во Тирана, Албанија. „Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот, продаден е за редовна дистрибуција во педесетина земји.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *