Една од најлуксузните јахти во светот, „Кристина О“, која се изнајмува по цена од 700.000 евра неделно  заплови во водите на Јадранот на  пристаништето во Шибеник .

Како прибежиште за луксуз, легендарната јахта беше домаќин на многу истакнати личности низ годините – Џон Ф. Кенеди, Мерлин Монро, Елизабет Тејлор, Џон Вејн, Ричард Бартон, Грејс Кели, Елизабет Тејлор, Рудолф Нуреев, Грета Гарбо, Френк Синатра, сер Винстон Черчил…Името го добила по ќерката на Оназис, Кристина. Позната е и како најпопуларна луксузна чартер јахта во светот.Има 38 членови на екипажот кои се секогаш достапни за гостите. Долга е 99 метри, има 17 кабини во кои може да се сместат до 34 луѓе. Севкупно, јахтата може да прими 157 гости.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *