Бислимската клисура, ако добро ја истражите оваа клисура и поширокото течение на реката Пчиња, таа со сигурност ќе ги исполни вашите очекувања. Бислимска клисура се наоѓа по течението на реката Пчиња во североисточниот дел од Р.Македонија. Преставува место скоро и непознато за пошироката јавност, досега е посетувана само од мал број авантуристи и истражувачи. Доколки се движите по течението на реката Пчиња во Бислимската клисура во карпите се забележуваат голем број пештери кои се дом за огромен број ендемични врсти на фауна. Местото е несомнено одлично место за кратки прошетки кои не бараат голема физичка подготвеност. целиот простор е доста колоритен со многу ретки видови на растенија.